Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од Движењето ЗНАМ денеска се избрани за новите потпретседатели на Собранието. Тие добија поддршка од мнозинството пратеници откако претходно собраниската Комисија за избори и именувања ги утврди како потпретседателски кандидати.
За Милошоски, кој не присуствуваше на седницата од здравствени причини, гласаа 69 пратеници, Митрески доби 82 гласа, а Бендевска 70.
Во отсуство на Милошоски, заклетва денеска положија Митрески и Бендевска, која не го изговори полното уставно име на државата, туку РС Македонија.