АПЕЛАЦИЈА МУ ЈА НАМАЛИ КАЗНАТА НА ЧАВКОВ ОД 18 НА 16 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА 27 АПРИЛ

    АПЕЛАЦИЈА МУ ЈА НАМАЛИ КАЗНАТА НА ЧАВКОВ ОД 18 НА 16 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА 27 АПРИЛПрвостепената пресуда беше донесена од Основниот кривичен суд на 15 март 2019 година. (Фото: СКД.МК)

    Апелациониот суд Скопје донесе одлука по жалбите на 16-темина обвинети за нападот во Собранието на 27 април 2017 и делумно ги потврди првостепените пресуди за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, соопштија од судот.

    На поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков Апелациониот суд му ја преиначи казната од 18 на 16 години затвор, а обвинетите Влатко Трајковски и Никола Митревски – Кољо се осудуваат на казна затвор во траење од по 14 години. Понатаму, обвинетите Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Мунир Пепиќ, Јане Ченто и Вилијам Михајловски се осудуваат на казна затвор во траење од по 13 години.

    Апелациониот суд ги осуди обвинетите Оливер Поповски, Младен Додевски, Горанче Анѓеловски и Игор Југ на казна затвор во траење од по 11 години, обвинетиот Оливер Радулов на 9 години, обвинетиот Александар Василевски – Нинџа на 7 години и обвинетиот Абдуљифета Алими на 6 години.

    Апелациониот суд ја потврди ослободителната пресуда за обвинетиот Игор Дурловски.

    Првостепената пресуда беше донесена од Основниот кривичен суд на 15 март 2019 година, а во таму во тек е судењето за организација на нападот во Собранието, каде што обвинети се Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира