АПЕЛАЦИОНАТА СУДИЈКА ЦВЕТАНКА ПЕРИЌ ИЗБРАНА ЗА ВРХОВНА СУДИЈКА

    АПЕЛАЦИОНАТА СУДИЈКА ЦВЕТАНКА ПЕРИЌ ИЗБРАНА ЗА ВРХОВНА СУДИЈКАСудскиот совет едногласно ја избра досегашната апелациона судијка Цветанка Периќ за нов врховен судија. - Апелациониот суд Скопје (Фото: СДК.МК)

    Апелационата судијка од организиран криминал Цветанка Периќ е избрана за судија во Врховниот суд. Периќ е ново име во кривичниот оддел во Врховниот суд, каде над 5 години воопшто не е биран судија.

    Шемседин Јусуфи, член на Судскиот совет, рече дека се надева оти „Периќ ќе ја смени климата што владее подолго време во Врховниот суд, а особено довербата во судството“.

    Периќ беше избрана едногласно (со 12 гласа во Судскиот совет).

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира