БОКИ 13 НЕМА ПРАВО НА ЖАЛБА ЗА МЕРКАТА ПРИТВОР, ОДЛУЧИ АПЕЛАЦИОНИОТ СУД

    БОКИ 13 НЕМА ПРАВО НА ЖАЛБА ЗА МЕРКАТА ПРИТВОР, ОДЛУЧИ АПЕЛАЦИОНИОТ СУДЈовановски вчера го убедуваше судот дека не се чувствува добро и дека не може да го следи почетокот на судскиот процес (Фото: К. Попов)

    Првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 немал право да поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје за притворот за „Рекет“, одлучи Апелациониот суд на денешната седница. Тој бараше да му се укине притворот, каде што е од 15 јули.

    „По разгледување на списите во предметот, одлучи изјавената жалба да ја отфрли како недозволена, согласно одредбата од член 172 став 2 точка 5 в.в. Од ЗКП в.в. Со став 1 од истиот член од Законот, согласно која против решението на советот со кое се одбива предлогот за определување или укинување на притворот не е дозволена жалба“, велат од Апелациониот суд.

    Вчера почна судењето за „Рекет“, во кое, покрај Јовановски, е обвинета е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, додека по признавањето на вината, третообвинетиот Зоран Милевски денеска беше осуден на три години затвор.

    Јовановски вчера го убедуваше судот дека не се чувствува добро и тврдеше дека толку многу не му е добро што не може да го следи почетокот на судскиот процес. Повикана беше брза помош која констатираше само мал стрес кај него.

    Јовановски претходно задоцни на судењето бидејќи барал да биде клинички прегледан оти не се чувствувал добро. И специјалистот и брзата помош утврдија дека тој е спсобен да ја следи постапката. Апелациониот суд денеска исто така одлучувал по извештаите добиени од лекари-специјалисти.

    В петок продоолжува судењето за „Рекет“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира