АПСЕЊА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ДРУГ КРИМИНАЛ, НЕОФИЦИЈАЛНО ЛИШЕН ОД СЛОБОДА Е БУЈАР ДАРДИШТА ОД ДУИ, КОЈ ДИРЕКТОРУВАШЕ ПОВЕЌЕ ОД ДЕЦЕНИЈА

    АПСЕЊА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ДРУГ КРИМИНАЛ, НЕОФИЦИЈАЛНО ЛИШЕН ОД СЛОБОДА Е БУЈАР ДАРДИШТА ОД ДУИ, КОЈ ДИРЕКТОРУВАШЕ ПОВЕЌЕ ОД ДЕЦЕНИЈАДардишта е најпознат како директор на Управата за водење на матични книги. (Фото: Управа за водење матични книги)

    Полицијата под раководство на Обвинителството за организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ноќеска го уапсила Бујар Дардишта, ексдиректор на повеќе важни државни институции во време на 20-годишното владеење на ДУИ. Се сомничи за перење пари.

    Се вршат претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово. Заедно со Дардишта се уапсени уште неколку лица.

    Дардишта е најпознат како директор на Управата за водење на матични книги, кога имаше рекорден број на згрешени изводи на родени, на умрени, како и изводи на венчани. Подоцна беше именуван и за управител во ЕСМ Дистрибуција.

    Дардишта, исто така, беше познат по големиот број вработени членови од семејството во администрацијата.

    Од ОЈО ГОКК велат само дека акцијата се спроведува под раководство на јавен обвинител, а во неа учествуваат полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност на МВР.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира