Хеликоптерите на армијата немаат техничка можност да летаат во ноќни услови и тоа е единствената причина заради која во гаснење на пожарите ќе се вклучат во раните утрински часови, објави вечерва претседателот Стево Пендаровски.
Тој претходно кажа дека дал наредба за ангажман на армијата во гаснењето пожари низ земјата и одобрил употреба на воздухопловите, кои веќе интервенираа во Старо Нагоричане, а најави дека утре наутро одат на помош во Кочани.
Пендаровски кажа и дека вечерва имал телефонски разговор со претседателот на Бугарија, Румен Радев и договорено е во најкус можен рок, Бугарија да испрати противпожарни единици кои ќе помогнат на нашите екипи во гасење на пожарите.
Денеска низ Македонија горат пожари во 12 региони, а најкритично е во Кочани, каде што пожарот зафати и дел од куќите во западниот дел на градот.