АРТАН ГРУБИ ДОГОВОРИ ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР МЕЃУ ВЛАДИНИТЕ КАБИНЕТИ НА БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА

    АРТАН ГРУБИ ДОГОВОРИ ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР МЕЃУ ВЛАДИНИТЕ КАБИНЕТИ НА БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈАПокрај Груби, во работната група во чиј фокус се културата, образованието и науката, туризмот, како и младите и спортот, од македонска страна членуваат министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и министерот за образование и наука Јетон Шаќири. (Фото: Влада)

    Фудбалски натпревар меѓу кабинетите на македонската и бугарската влада е еден од приоритетите што ги утврди заедничката работна група за култура, образование, наука, туризам, млади и спорт, со која копретседава првиот вицепремиер Артан Груби.

    Бугарската и македонската влада денеска имаа заедничка седница во Софија, а состаноци одржаа и четири работни групи, составени од членови на двете влади.

    Од кабинетот на Груби соопштија дека неговата работна група ги поставила заедничките приоритети на кои ќе работат во наредниот период, а меѓу нив е „организирање на еден фудбалски натпревар меѓу владините кабинети“.

    Останатите приоритети се: објавување на огласот за лого и слоган на заедничките владини седници, составување на заеднички културен календар, унапредување на соработката меѓу универзитетите од нашите земји за поатрактивни студиски програми, размена на искуства и можност за практична настава, организација на заеднички научни конференции, интензивирање на соработката помеѓу Агенцијата за Mлади и Спорт на нашата земја и Министерството за Млади и Спорт на Република Бугарија, взаемно промовирање на атрактивните туристички дестинации и продлабочување на соработката во областа на туризмот како силна предиспозиција на економскиот развој.

    „Многу позитивна атмосфера и многу топло гостопримство од нашите бугарски колеги и штотуку ја завршивме првата седница на комисијата за култура, образование и наука, млади и спорт и туризам и јас сум огромен оптимист за постигнувањето на многу заеднички проекти кои ќе ги реализираме во следните месеците, потпишуваме многу меморандуми за соработка меѓу двете страни и ценам дека оваа седница на комисијата, но и пленарната седница што ќе следи ќе биде успешна и убеден сум во многу оптимистички резултати од целата наша посета на Софија“, вели Груби по дводневната посета на Софија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира