И АВИРОВИЌ ДОЈДЕ НА РАСПИТ ВО СУДОТ ЗА „ТРУСТ“ НА СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И АВИРОВИЌ ДОЈДЕ НА РАСПИТ ВО СУДОТ ЗА „ТРУСТ“ НА СЈО

    Второосомничениот во случајот на СЈО „Труст“, поранешниот управител на фирмата „Силекс неметали СТ“ Василије Авировиќ, дојде во Кривичниот суд на распит кај судија на претходна постапка. Еден час пред него, на распит во Судот дојде Сеад Кочан, сопственик на компанијата „Трансмет“ и првоосомничен во случајот „Труст“.

    СЈО завчера поднесе барање до Судот за притвор за Сеад Кочан и за Василије Авировиќ со образложение дека постои опасност осомничените да ги уништат доказите или да креираат фалсификати во тендерската документација, која СЈО ја посочи како доказ.

    СЈО отвори истрага против правните лица „Трансмет“, „Силекс неметали СТ“ и „ВАТО“ од Студеничани за фалсификувани документи за учество на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи во вторникот на прес-конференција изјави дека ЕЛЕМ им овозможил на конзорциумот од овие три фирми да остварат противправна имотна корист во износ од една милијарда денари или околу 17 милиони евра. Станува збор за јавна набавка за ископ на јаловина во рудникот Суводол во ноември 2011.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира