АВСТРИЈА, ЧЕШКА И СЛОВАЧКА ЌЕ ОБЕЛЕЖУВААТ ПЛАНИНАРСКИ ПАТЕКИ ВО МАКЕДОНИЈА

    АВСТРИЈА, ЧЕШКА И СЛОВАЧКА ЌЕ ОБЕЛЕЖУВААТ ПЛАНИНАРСКИ ПАТЕКИ ВО МАКЕДОНИЈАПроектот ќе се спроведе во Водно, Баба и Шар Планина (Фото: Г. Конев)

    Амбасадорите на Австрија, Чешка и Словачка Мартин Памер, Јарослав Лудва и Хенрик Маркуш денеска го потпишаа проектот Славков/Аустерлиц за обележување планинарски патеки во Македонија. Секоја од земјите ќе биде одговорна за обележување на една пешачка патека, а ќе се постават и информативна табла за патеките.

    Проектот ќе се спроведе во Водно, Баба и Шар Планина.

    Обележувањето пешачки патеки ќе им биде од корист на рекреативците, планинарите, алпинистите и сите љубители на природата за да имаат побезбедно искуство при пешачењето на планина и да ги истражат убавините на Водно, Баба и Шар Планина. Ова го промовира пешачењето како здрава активност која ја штити природата и го овозможува локалниот економски развој“, соопшти Чешката амбасада во Скопје.

    Славковски формат е трилатерала соработка помеѓу Австрија, Чешка и Словачка основан во 2015 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира