АВСТРИСКО ДРЖАВЈАНСТВО ДОБИЈА ДВАЈЦА НАСЛЕДНИЦИ НА ЖРТВИ НА НАЦИСТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

    АВСТРИСКО ДРЖАВЈАНСТВО ДОБИЈА ДВАЈЦА НАСЛЕДНИЦИ НА ЖРТВИ НА НАЦИСТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈААвстрискиот амбасадор Георг Вуцас. (Фото: Фејсбук/Австриска амбасада)

    Австриската амбасада соопшти дека за првпат од измените на Законот за државјанство во 2019 година правото да добијат австриско државјанство го искористија двајца наследници на жртви на нацистички прогон од Македонија.

    „Во присуство на господинот Пепо Леви, претседателот на Еврејската заедница, австрискиот амбасадор во Северна Македонија Георг Вуцас им ги предаде соодветните декрети за државјанство на 28 јуни 2022. Им посакуваме топло добредојде на овие двајца нови австриски државјани“, се вели во соопштението.

    Од Австриската амбасада потсетуваат дека како признание за историската одговорност на Австрија кон жртвите на национал социјализмот и нивните наследници, австрискиот Парламент едногласно донесе амандман на Законот за австриско државјанство во октомври 2019 година, кој им овозможува лицата кои претрпеле прогон самите и нивните наследници да имаат право да добијат австриско државјанство со т.н. известување без да мора да се откажат од нивното сегашно државјанство.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира