Пожарникарите утринава извлекуваа автомобил од реката Вардар во центарот на Скопје, откако претходно ја проби оградата на мостот кај Народна банка.
Од полиција кажаа дека возилото со скопски регистарски таблички го управувал 32-годишниот В.К., кој е пренесен во болницата „8 Септември“, каде што му е укажана помош.