АВТОПАТОТ ГОСТИВАР-БУКОЈЧАНИ ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ДО КРАЈОТ НА 2029 ГОДИНА, ЕКСПРОПРИЈАЦИЈАТА Е ЗАВРШЕНА 90 ОТСТО, ВЕЛИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ

    АВТОПАТОТ ГОСТИВАР-БУКОЈЧАНИ ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ДО КРАЈОТ НА 2029 ГОДИНА, ЕКСПРОПРИЈАЦИЈАТА Е ЗАВРШЕНА 90 ОТСТО, ВЕЛИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИОваа делницата во иднина треба да се поврзе со постојниот автопат кон Тетово, како и со новиот правец кој ќе се гради кон Кичево. - Николоски со директорот на Државни патишта Коце Трајановски (Фото: Министерство за транспорт)

    Изградбата на автопатската делница Гостивар-Букојчани се одвива со силна динамика и се очекува да заврши до крајот на 2029 година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, при денешниот увид во градежните работи. Оваа делница е дел од Коридорот 8, а градежните активности ги изведува американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

    Николоски рече дека државата веќе реализирала околу 90 отсто од експропријацијата на земјиштето, со што се исполнети најголемиот дел од обврските за непречено одвивање на работата на терен. Делницата кај Букојчани во иднина треба да се поврзе со постојниот автопат кон Тетово, како и со новиот правец кој ќе се гради кон Кичево.

    Според министерот, градежниот сектор бележи значителен напредок, со раст од 21 отсто во третиот квартал од минатата година. Тој вели дека овој тренд ќе продолжи и во претстојниот период и дека нема да има отстапувања од утврдените рокови за финализирање на целиот проект.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира