БАЛКАНОТ ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ БУРЕ БАРУТ, ТУКУ ДВИГАТЕЛ НА РАЗВОЈ, РЕЧЕ ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА БИЗНИС САМИТ 100

    БАЛКАНОТ ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ БУРЕ БАРУТ, ТУКУ ДВИГАТЕЛ НА РАЗВОЈ, РЕЧЕ ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА БИЗНИС САМИТ 100Еди Рама и Зоран Заев, премиерите на Албанија и Македонија, на бизнис САМИТ100, што вчера и денес се оддржа во Скопје. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Земјите од Западен Балкан за да очекуваат влез во Европската Унија, треба да остварат бруто домашен производ од над пет отсто, а тоа ќе може да го постигнат само ако економски се интегрираат и заеднички настапат на европскиот пазар. Ова го кажа денес премиерот Зоран Заев, по завршување на дводневниот бизнис САМИТ100 за бизнисмените од Југоисточна Европа што се оддржа во Скопје.

    „Знам дека бизнисмените од овој регион ќе работат на тоа да го зголемат профитот, а со тоа и економскиот развој на своите земји, а ние сме тука да им помогнеме во тој процес. Балканот не може веќе да биде буре барут. Балканот треба да биде двигател за развој и на Европската Унија, бидејќи има потенцијал. Двигател на тој развој треба да биде токму бизнис заедницата и знам дека над 150 бизнисмени што овие два дена учествуваа на Самитот ќе ги искористат можностите за заедничка соработка“, рече Заев.

    Тој кажа дека на Самитот присуствувале и претставници од царинската управа и од останатите институции и внимателно ги слушале забелешките од бизнис заедницата, за да може Владата потоа да преземе мерки за да се намалат или елиминираат пречките, кои ги имаат компаниите.
    „Една од главните пораки беа да ги олесниме процедурите на граничните премини, за да се намали чекањето. Внимателно ги слушавме барањата на бизнис заедницата, и ќе направиме сѐ за да одговориме на нив“, рече Заев.

    Претседателот на советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, рече дека европската соработка треба да биде на врвот на агендата на сите влади од Блаканот, но дека регионот треба прво економски да се поврзе, а потоа земјите да се интегрираат во Унијата.

    Е.БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира