ЉУБЕ БОШКОСКИ ПО ТРЕТПАТ ЌЕ РАСКАЖУВА КАКО СЕ ИЗЖИВУВАЛА ПОЛИЦИЈАТА КОГА ГО АПСЕШЕ ПРЕД 8 ГОДИНИ

    ЉУБЕ БОШКОСКИ ПО ТРЕТПАТ ЌЕ РАСКАЖУВА КАКО СЕ ИЗЖИВУВАЛА ПОЛИЦИЈАТА КОГА ГО АПСЕШЕ ПРЕД 8 ГОДИНИАдвокатите на Мијалков и на шестемина обвинети „алфи“ од МВР го искористија законското право поради променетиот поротник, судот да ги викне сите сведоци кои досега сведочеа во оваа година и осум месеци во првото судење за „Тортура“. - Оштетениот Љубе Бошкоски пред Кривичниот суд (архивска фотографија)

    Судењето за нечовечко и понижувачко апсење на Љубе Бошкоски по наредба на Сашо Мијалков пред осум години во случајот „Кампања“, за што тој ја одлежи затворската казна, почна од нула. Но, не како што сака обвинителот Љубомир Лапе да се читаат веќе дадените сведочења.

    Адвокатите на Мијалков и на шестемина обвинети „алфи“ од МВР го искористија законското право поради променетиот поротник, судот да ги викне сите сведоци кои досега сведочеа во оваа година и осум месеци во првото судење.

    Ќе сведочи повторно и оштетениот Љубе Бошкоски, кој во септември 2018 кога даваше исказ на судење, беше вознемирен и потресен што поминуваше повторно низ тортурата што била вршена врз него при апсењето. По ова апсење во 2011 година, Бошкоски беше со месеци во притвор, беше осуден и продолжи во затвор до последниот ден од пресудата за „Кампања“.

    Низ таа тортура при апсењето Бошкоски сега ќе треба да помине по трет пат, после сведочењето во истрагата во СЈО, на првото, а сега и на повтореното судење.

    Ќе се пуштаат одново бомбите за „Тортура“, а ќе се гледаат и ТВ-снимките од апсењето со пиштол во главата на Бошкоски.

    На 5 ноември ова судење фактички почнува одново. Судијката Александра Ристеска даде шест термини за судење.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира