БЕА СЛУШНАТИ ЛИЧНИ НАВРЕДИ КОИ ПОЛИТИЧКИ СТРУКТУРИ ИМААТ ЗА ЦЕЛ ДА ГИ ИСКОРИСТАТ ВО ПОЛИТИЧКА ПОЗАДИНА, КАЖА ВЛАДИНАТА ПОРТПАРОЛКА ЗА ВЧЕРАШНИОТ ПРОТЕСТ ВО КОЧАНИ

    БЕА СЛУШНАТИ ЛИЧНИ НАВРЕДИ КОИ ПОЛИТИЧКИ СТРУКТУРИ ИМААТ ЗА ЦЕЛ ДА ГИ ИСКОРИСТАТ ВО ПОЛИТИЧКА ПОЗАДИНА, КАЖА ВЛАДИНАТА ПОРТПАРОЛКА ЗА ВЧЕРАШНИОТ ПРОТЕСТ ВО КОЧАНИПортпаролката Марија Митева на денешната прес-конференција во Владата. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Портпаролката на Владата Марија Митева кажа дека на вчерашниот „Марш на ангелите“ во Кочани биле слушнати лични навреди кои „политички структури имаат за цел за да ги искористат во некоја политичка позадина“.

    Секоја сабота во Кочани се одржува „Марш на ангелите“ на кој родителите и роднините на настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ протестираат пред општината, судот, полицијата и обвинителството, барајќи правда. Вчера, еден од родителите на загинатите побара оставки од премиерот Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и притоа упати погрдни зборови на нивна сметка.

    „Можам да кажам дека во целост ја разбираме како Влада нивната болка, тоа неколку пати досега сме го кажале. Но, од друга страна морам да кажам, со жалење, дека беа слушнати лични напади кои што пак политички структури имаат за цел да ги искористат во некоја политичка позадина. Навистина жалам што некои политички структури имаат традиција на некрофили“, кажа Митева на денешната прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарско прашање за барањата за оставки.

    Претходно на прес-конференцијата, Митева кажа дека Владата во текот на следната недела ќе донесе одлука со која одморалиштето Пониква кое е во сопственост на МВР ќе се стави на располагање на Министерството за здравство за да се користи како објект за продолжена нега и рехабилитација на повредените од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира