Вечерва едногодишно бебе починало во приватна клиника во Скопје откако било донесено со тешки повреди на телото, од пад од зграда.
Неофицијално, бебето ѝ паднало на бабата од раце, но полицијата сè уште не ја потврдува оваа информација. Официјално соопштение за трагичниот настан најавува за утре.
Зградата од која паднало бебето се наоѓа на улица „Архиепископ Доситеј“ во Скопје.