БЕБЕТО ЧИЈА МАЈКА ПОЧИНА НА ПОРОДУВАЊЕ ВДОМЕНО ВО ДОМОТ ЗА ДОЕНЧИЊА ВО БИТОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:57:"КриваПаланка(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БЕБЕТО ЧИЈА МАЈКА ПОЧИНА НА ПОРОДУВАЊЕ ВДОМЕНО ВО ДОМОТ ЗА ДОЕНЧИЊА ВО БИТОЛА

    Бебето од Крива Паланка, чија мајка почина на породување во кумановската болница, е сместено во Домот за доенчиња во Битола. Малиот Мерт Јусуфов таму ќе остане 9 месеци, по што ќе се одлучи дали ќе се создадат услови да се врати на таткото или ќе се бара друго семејство.

    „Во Битола е веќе две недели. Додека беше во кумановската болница бев неколку пати да го видам. Многу е убаво бебе и добро напредува. Го сликав со телефон. Засега личи на мајка му, а понатаму ќе видиме“, вели таткото Елвис Јусуфов (46).

    Тој е посебно благодарен на директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Крива Паланка Олгица Ристевска, која помогнала детето да се смести во домот за да може да го си земе кога ќе потпорасне, наместо веднаш да го дале на посвојување и никогаш повеќе да не го види.

    „Јас уште по смртта на жена ми кажав дека немам услови да се грижам за детето. На работа сум по цел ден, а немам никого од семејството да ми помогне. Ова ми е прво дете. Ај ќе му купувам храна за бебиња и вештачко млеко, ама кој ќе го пере и ќе го чува? Мене ми е страв и в раце да го земам толку мало. Вака, за 9 месеци ќе си најдам некоја женичка и ќе си го земеме детето“, – додава Елвис.

    Неговата невенчана сопруга Слаѓана Демировска (37), почина пред еден месец во кумановската болница, не се разбуди од анестезија поради компликации по породувањето со царски рез. Тогаш Елвис се сомневаше дека на жената не ѝ е пружена соодветна лекарска помош, бидејќи немала ризична бременост, ниту здравствени проблеми.

    Дежурниот лекарски тим од гинеколози и анестезиолози од кумановската болница, тврдеа дека во случајот нема лекарска грешка и дека се преземени сите мерки родилката да се спаси.

    Елвис ги чека резултатите од обдукцијата и ако има пропусти во лекувањето правдата ќе ја бара на суд.

    Елвис живее под кирија, а работи во една градежна фирма во Крива Паланка. Тој бара помош од хумани луѓе и инстуциите за да изгради барем една собичка, за да има каде да го донесе Мерт. Вели дека само детето може да му ја надополни празнината за изгубената сопруга и големата несреќа што го снајде. Трите деца од првите два брака на Слаѓана, кои по смртта на мајка им останаа да живеат со Елвис, сега се сместени кај тетка им, сестрата на Слаѓана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира