БЕГ ДОНИРАШЕ ШТЕДЛИВА ОПРЕМА НА УЧИЛИШТЕТО ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ СО ОШТЕТЕН ВИД

    БЕГ ДОНИРАШЕ ШТЕДЛИВА ОПРЕМА НА УЧИЛИШТЕТО ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ СО ОШТЕТЕН ВИДКомбинираните бојлери се од македонско производство, а ги изработи компанијата „Тинг Инокс“ од Кочани, по највисоките меѓународни стандарди за ваков вид опрема.

    Балкан енерџи (БЕГ) донираше модерни комбинирани бојлери и дополнителна техничка инсталација на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје со кои се штеди енергија и се овозможуваат подобри услови за штитениците. Вредноста на донацијата во опрема e над 200.000 денари и со нејзиното инсталирање се овозможува заштеда на енергија и финасиски средства кои остануваат на располaгање на училиштето и ќе може да ги пренасочи за задоволување на други потреби на своите штитеници.

    Комбинираните бојлери се од македонско производство, а ги изработи компанијата „Тинг Инокс“ од Кочани, по највисоките меѓународни стандарди за ваков вид опрема.
    „Комбинираните бојлери кои ја користат толината на централниот систем за греење се новина кај нас и навистина ни е драго, што токму дечињата од ова училиште ќе имаат можност да ги почувствуваат бенeфитите. Пред сè, на овој начин ќе се заштедат средства за енергија, па училиштето ќе може да ги насочи за други намени, а тоа за децата ќе значи поквалитетно образование“, изјави Емилија Јакимовска Мишева, одговорна за односи со јавност во Снабдување со топлина Балкан енерџи.

    Опремата е набавена и инсталирана откако претходно стручни лица од Снабдување со топлина Балкан енерџи направија проценка на потребите на училиштето и дадоа целосна стручна поддршка во инсталирање на опремата.
    Државното училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ е единствено училиште од ваков вид во Македонија и во него се образуваат 50 ученици од целата држава. Во рамките на училиштето функционира и интернат кој обезбедува престој и постојана грижа за дел од учениците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира