„БЕСА ТРАНС“ КОРИСТЕЛ ЛИЦЕНЦА ОД ДРУГ АВТОБУС ЗА АВТОБУСОТ ШТО ИЗГОРЕ ВО БУГАРИЈА

    „БЕСА ТРАНС“ КОРИСТЕЛ ЛИЦЕНЦА ОД ДРУГ АВТОБУС ЗА АВТОБУСОТ ШТО ИЗГОРЕ ВО БУГАРИЈАМинистерството за транспорт и врски завчера ја одзеде лиценцата на вршење на дејност на превозникот „Беса Транс БТБ“. (Фото: ЕПА)

    Министерството за транспорт и врски вели дека изводот од лиценца со број 22679 кој бил користен од автобусот на „Беса транс“ што изгоре во Бугарија и притоа загинаа 45 патници, при излез од Македонија, е број на извод од лиценца на друго возило, со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот „Беса Транс“.

    Од министерството додаваат дека на тој начин превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и лиценца од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај. Како што кажа министерот Благој Бочварски пред два дена, автобусот што изгоре во вторникот немал извадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и овој автобус не е евидентиран во електронската база на Министерството за транспорт и врски.

    „Броевите на изводи на лиценци кои се евидентирани во Царинската управа при влез и излез и со кои што се шпекулира во јавноста, во ниту еден случај на се во сопственост на опожарениот автобус. Со ова уште еднаш потврдуваме дека за истиот, превозникот нема извод од лиценца. За да појасниме, бројот 007017 е број на лиценца на превозникот ‘Беса Транс БТБ’ за вршење на меѓународен превоз на патници. Бројот 22679, со кој што шпекулираат одредени медиуми, а кој бил користен од опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило, со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот ‘Беса Транс’. Тоа подразбира дека превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и лиценца од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај. Потенцираме дека за опожарениот автобус превозникот немал извадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и овој автобус не е евидентиран во електронската база на Министерството за транспорт и врски“, се вели во соопштението на Министерството за транспорт и врски.

    Министерството за транспорт и врски завчера ја одзеде лиценцата на вршење на дејност на превозникот „Беса Транс БТБ“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира