ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ТРАНСПОРТ НЕ МОЖЕ ДА ИЗВРШИ ВОНРЕДЕН НАДЗОР ВО „БЕСА ТРАНС“, КАНЦЕЛАРИИТЕ СЕ ЗАТВОРЕНИ И НИКОЈ НЕ КРЕВА НА ТЕЛЕФОН

    ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ТРАНСПОРТ НЕ МОЖЕ ДА ИЗВРШИ ВОНРЕДЕН НАДЗОР ВО „БЕСА ТРАНС“, КАНЦЕЛАРИИТЕ СЕ ЗАТВОРЕНИ И НИКОЈ НЕ КРЕВА НА ТЕЛЕФОНДИТ сега ќе достави писмен допис и ќе закаже термин за да ги пречека некој и да ја отвори канцеларијата, а ако доставницата биде примена тогаш ќе се изврши достава преку Министерството за внатрешни работи. - Една од канелариите на „Беса транс“ во Скопје (Фото: К. Попов)

    Директорот на Државниот инспекторат за транспорт (ДИТ) Руфат Хусеини кажа дека вчера се обиделе да извршат вонреден надзор во компанијата „Беса транс“, чиј што автобус во вторникот изгоре во Бугарија и притоа загинаа 45 патници. За државната агенција МИА тој изјави дека канцелариите на компанијата се затворени и никој не се јавувал на телефон.

    „Вчера се упативме во просториите на ‘Беса транс’, во седиштето, но беа затворени, никој не се јавуваше на службените телефони. Оттаму се упативме во седиштата на двете агенции што ги имаат во Скопје, кои исто така беа затворени и немаше никој. Во Тетово знаеме дека има една агенција, но нашиот инспектор оттаму не информираше дека и таа е затворена. Не можевме да извршиме вонреден инспекциски надзор. Никој не крева телефон, ниту сопственикот на ‘Беса транс’, ниту некој во канцелариите“, изјави Хусеини за МИА.

    ДИТ сега ќе достави писмен допис и ќе закаже термин за да ги пречека некој и да ја отвори канцеларијата, а ако доставницата биде примена тогаш ќе се изврши достава преку Министерството за внатрешни работи.

    Владата на седница го задолжи ДИТ да изврши вонреден инспекциски надзор. Со надзорот, треба да биде опфатено се што е во рамки на надлежностите на Инспекторатот согласно со Законот за превоз во патен сообраќај.

    „Конкретно, лиценца за извршување слободен меѓународен превоз на патници, број на возила и изводи од лиценци за тие возила и дали се сопственост на компанијата, пријавени возачи во работен однос во компанијата, потврди за техничко експлоатациски услови за секое возило, сертификати за професионланост за меѓународен превоз за патници, сертификат на управителот за професионална компетентост, евиденција за издадени патни налози за една година наназад. Нашиот надзор ќе ја опфати оваа документација“, рече Хусеини.

    Министерството за транспорт и врски завчера и ја одзеде лиценцата за работа на „Беса транс“, бидејќи за автобусот кој изгоре немало издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз за патници, ниту, пак, за друг вид јавен превоз на патници, а возилото не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира