Од 1 ноември ќе има бесплатни прегледи за рак на дојка, а пријавувањето ќе биде преку специјална веб-страна, најави Министерството за здравство.
„Жените од возрасната група од 45 до 69 години ќе бидат опфатени во националната скрининг програма, кои не направиле мамографија последните две години, додека жените на возраст од 40 до 44, кои имаат член во семејството со рак на дојка и или друг дополнителен ризик фактор ќе имаат можност самоиницијативно да се пријават за скрининг мамографија на посебна страница за таа намена”, сооПшти Министерството без да каже кога ќе биде објавена.
Скрининг мамографијата е бесплатна за жените во програмата, партиципацијата ја покрива Министерството за здравство.
Жените со години реагираат дека нема термини за мамографија, а Министерството вели дека се иницирани промени во начинот на упатување и закажување преглед за мамографија, ехо и биопсија, каде ќе се овозможи на радиологот да ја упатува жената со цел да се намали времето и патот од преглед до третман.