БЕЗ ОПОЗИЦИЈАТА ИЗГЛАСАН ЗАКОН ЗА НОВ ДРЖАВЕН УНИВЕРЗИТЕТ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    БЕЗ ОПОЗИЦИЈАТА ИЗГЛАСАН ЗАКОН ЗА НОВ ДРЖАВЕН УНИВЕРЗИТЕТ

    Собранието без присуство на опозицијата го изгласа законот за формирање на новиот универзитет „Дамјан Груев“.

    „За“ гласаа 67 пратеника, а шест беа „против“ универзитетот за одбрана, безбедност и мир.

    Независната пратеничка Солза Грчева смета дека со формирање на овој универзитет се прави обид за создавање паралелен систем и за дисквалификација на УКИМ.

    СДСМ пред тоа на прес конференција обвини дека целта на власта е да го уништи најстариот, најдобриот универзитет во земјата, „Св. Кирил и Методиј“.

    И независната пратеничка Солза Грчева од собраниска говорница обвини дека ова е штетен политички проект кој ќе нанесе само поголем удар на високото образование.

    Заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски, тврди дека идејата е да се зголеми квалитетот на високото образование, а не одмазда или обид за вдомување партиски кадри. Ристовски додаде дека идејата за основањето на универзитетот е да се зголеми квалитетот на високото образование.

    Орхан Ибраими од ДПА смета дека новиот универзитет е навреда за Албанците зашто универзитетот не предвидува ниту една насока на албански јазик.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари