Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски рече дека би прифатил да биде министер за здравство, откако досегашниот министер Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, како дел од Коалицијата „Вреди“, излезе од Владата.
На новинарско прашање на денешниот брифинг во Министерството за здравство дали би прифатил да биде министер, Клековски рече:
„Државата има премиер и тој ќе одлучи кој треба да биде министер. Јас имам уште многу работа во Фондот за здравство. Ако ми понудат, ќе прифатам, но со соодветна замена во Фондот“.
Минатата недела и министерката за образование и наука Весна Јаневска, на прашање дали ќе прифати да биде министерка за здравство, кажа дека државата има премиер и тој ќе одлучи кој ќе биде министер.
Алијанса на Албанците минатата недела излезе од Владата, а лидерот на партијата Таравари поднесе оставка од фунцкијата министер за здравство.
Б. НЕСТОРОСКА