Демонстрантите на Шарена револуција денеска на пладне го блокираа сообраќајот во Скопје на три раскрсници во центарот на градот. Блокирани се раскрсниците кај Судска палата, кај Црвениот крст и кај Соборниот храм. Ненајавено беше блокирана и раскрсницата на Рузвелтова кај Треска.
Блокадата е дел од новите акции, кои ќе ги заменат вечерните протести што безмалку два месеца скоро два месеца секој ден во 18 часот почнуваа пред СЈО.