БОКИ 13 ЗАДОЦНИ 45 МИНУТИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „РЕКЕТ“, БИЛ НА ПРЕГЛЕД УТРИНАВА

    БОКИ 13 ЗАДОЦНИ 45 МИНУТИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „РЕКЕТ“, БИЛ НА ПРЕГЛЕД УТРИНАВАОбвинетите Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец дојдоа навреме во Кривичниот суд на почетокот на судењето за случајот „Рекет“. Двајцата се во куќен притвор. - Бојан Јовановски - Боки 13 беше спроведен во судница од Шутка со 45-минутно задоцнување (Фото: К. Попов)

    По 45-минутно доцнење, во судницата пристигна првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки13, во придружба на полицајци кои го држеа под рака, на почетокот на судењето за „Рекет“. Од затворот во Шутка, каде што е притворен Боки 13, за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека на Боки 13 не му било добро и утринава пред да биде спроведен на судењето бил на преглед.

    Обвинетите Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец дојдоа навреме во Кривичниот суд на почетокот на судењето за случајот „Рекет“. Двајцата се во куќен притвор.

    Пристигна и шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која Јовановски го обвини за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Јанева ја обвини за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, а Милевски за „Примање награда за противзаконито влијание“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира