БОМБИТЕ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ КАКО ДОКАЗИ И НА СУДЕЊЕТО ЗА „ТЕНДЕРИ“ ПРОТИВ КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА, ПОТВРДИ АПЕЛАЦИЈА

    БОМБИТЕ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ КАКО ДОКАЗИ И НА СУДЕЊЕТО ЗА „ТЕНДЕРИ“ ПРОТИВ КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА, ПОТВРДИ АПЕЛАЦИЈАВо случајот „Тендери“ обвинета е Канчевска-Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО. - Елизабета Канческа-Милевска на собир на ВМРО-ДПМНЕ во октомври 2015 година (Фото: СДК.МК)

    Апелацискиот суд Скопје ја преиначи одлуката на Основниот суд Скопје 1 и дозволи „бомбите“ да се користат како докази во судската постапка во случајот на СЈО „Тендери“, во кој што е обвинета поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, објави државната агенција МИА.

    Одлуката е донесена врз основа и на претходните две одлуки со кои што Апелацискиот суд реши дека „бомбите“ можат да бидат доказ во предметите „Насилство во Центар“ и „Триста“. Основниот суд ги одби прислушуваните разговори како докази на 27 септември во „Тендери“, по што СЈО поднесе жалба до Апелација.

    Апелацискиот суд на две јавни седници утре ќе одлучува дали бомбите ќе бидат докази и во предметот „ТНТ“ за уривањето на станбениот комплекс „Космос“ и во предметот „Топлик“ за случајот „Сончев град“.
    Во случајот „Тендери“ обвинета е Канчевска-Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“. Во „Топлик“ осомничени се шест лица од Министерството за транспорт и врски за изградба на „Сончев град“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира