БРАКО ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА 200 КАМИОНИ ГОДИШНО ЗА СВЕТСКИОТ ПАЗАР

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Велес,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БРАКО ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА 200 КАМИОНИ ГОДИШНО ЗА СВЕТСКИОТ ПАЗАР

    Камиони произведени од македонската компанија Брако ќе се извезуваат во САД, Кина, Англија, Германија, Белгија, Романија, Турција и Данска. Планираното производство за првата година изнесува, пет возила неделно, односно 200 возила годишно, а компанијата наскоро ќе ја зголеми својата линија за уште две нови помали возила без кабина.

    Компанијата Брако е дел од групацијата „Фероинвест“, каде има околу 800 вработени лица, претежно инженери.

    „Ова е голем чекор за нас. Договорот со Green Machine е резултат на континуираниот раст на компанијата во последните 20 години, со големи инвестиции во производни капацитети, примена на врвна технологија и ангажирање на висококвалитетен кадар. Овој договор ни овозможи да се шириме со капацитетите за специјализирано производство на ваков тип возила со потполна автоматизација и планирање на производството, имајќи ја предвид стабилната мрежа на дистрибутери на Green Machine, а во исто време и да го шириме овој сегмент со нови производи. Годишниот капацитет во следните години ќе се зголемува со оглед на тоа што следниот месец ќе биде пуштена во употреба целосно компјутеризираната хала за производство во Брако, инвестиција вредна 4 и пол милиони евра. Покрај сето тоа, следната година Брако ќе започне со целосна реализација на производство на камиони, од креирање на прототип до финално производство во соработка со Машинскиот факултет од Скопје”, изјави Кочо Анѓушев, Претседател на Борд на директори на Брако.

    Први возила кои ќе излезат од производната линија се моделот GM500ze, возило кое работи потполно на електричен погон и не остварува никаква емисија на штетни гасови и GM636, моделот кој се движи на високо ефикасен дизелски погон со многу ниска емисија на CO2. Двете возила располагаат со контејнер од 1,2м3 што ги прави исклучително практични за својата намена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира