БРОЈОТ НА ШТРКОВИ ВО МАКЕДОНИЈА ПОРАСНАЛ ЗА 60% ЗА 10 ГОДИНИ, ПОКАЖА НОВИОТ ПОПИС

    БРОЈОТ НА ШТРКОВИ ВО МАКЕДОНИЈА ПОРАСНАЛ ЗА 60% ЗА 10 ГОДИНИ, ПОКАЖА НОВИОТ ПОПИСТрите села во најмногу гнезда на штркови се Стојаково, Богородица и Росоман (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во Македонија се евидентирани 1.765 гнезда на штркови при последниот попис што го спроведе Македонското еколошко друштво. Пописот се спроведе во рамките на осмиот Европски цензус на штркови, што се прави на секои 10 години, а во Македонија првпат се спроведе во 2014.

    Од овие 1.765 гнезда, 1.388 се активни, а 389 неактивни. Вкупниот број на изведени штркчиња е 3.934.

    Во споредба со пописот од 2015, во Македонија има зголемување на популацијата на штркови за 60%, при што бројот на активни гнезда пораснал од 837 на 1.388. Исто така, годинава се извеле 49% повеќе млади споредено со 2014 (1.964).

    Како региони со најмногу гнезда на штркови се издвојуваат Пелагонија со 541 и Овче Поле со 326. Во Пелагонија имаше и најголем број млади – 1.170, следено од Овче Поле и Кочанско Поле со 707. Трите села во најмногу гнезда на штркови се Стојаково со 53, Богородица со 45 и Росоман со 41.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира