БУГАРИЈА  ГО ОДОБРИ ПРОТОКОЛОТ ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

    БУГАРИЈА  ГО ОДОБРИ ПРОТОКОЛОТ ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТОСе очекува на следниот состанок на амбасадорите на земјите-членки на НАТО да биде потпишан протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата. - Премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов (Фото:Фејсбук)

    Бугарската влада го одобри Нацрт-протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО. Со истата одлука, како што објавија бугарските медиуми, Владата на Бојко Борисов го овластила привремениот шеф на Постојаната делегација на Бугарија во НАТО да го потпише пристапниот Протокол.

    Се очекува на следниот состанок на амбасадорите на земјите-членки на НАТО да биде потпишан протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата.

    Потпишувањето на протоколот за влез во НАТО е овозможено по ратификацијата на Договорот од Преспа во парламентите на Македонија и на Грција, со кој името на земјава е Република Северна Македонија за севкупна употреба, со признати македонски јазик и македонска националност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира