БУГАРИЈА ИСПРАТИ ИСТА УНИЛАТЕРАЛНА ИЗЈАВА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ПРЕД 4-5 ГОДИНИ, ТИЕ НЕМААТ НИКАКВА ТЕЖИНА, ВЕЛИ ОСМАНИ

    БУГАРИЈА ИСПРАТИ ИСТА УНИЛАТЕРАЛНА ИЗЈАВА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ПРЕД 4-5 ГОДИНИ, ТИЕ НЕМААТ НИКАКВА ТЕЖИНА, ВЕЛИ ОСМАНИОсмани денеска беше домаќин на португалскиот министер за надворешни работи, Гомес Кравињо. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи кажа дека Бугарија и во минатото испратила унилатерална изјава за македонскиот јазик, конкретно до Обединетите Нации по потпишувањето на Договорот од Преспа, и дека тие унилатерални изјави немаат никаква тежина.

    „Унилатералната изјава на Република Бугарија не е преседан, туку е веќе пуштена во Обединетите Нации уште во 2018 година. Истата таа изјава се повторува до земјите членки на Европската Унија. Како што немаше никакви импликации во Обединитети Нации по македонскиот јазик со унилатералната изјава, еве дури и не сте знаеле дека имало унилатерална изјава пред 4-5 години, таква е тежината и на оваа унилатерална изјава“, кажа Османи на прес-конференцијата по средбата со португалскиот министер за надворешни работи, Гомес Кравињо, денеска во Скопје.

    Минатата недела, Бугарија испрати унилатерална изјава до земјите членки на ЕУ дека македонски јазик не постои, туку станува збор за дијалект на бугарскиот јазик. Македонија одговори со испраќање на своја унилатерална изјава, за која што Османи денеска кажа:

    „Унилатералната изјава е политичка изјава на Министерството за надворешни работи, во која што и покрај тоа што од германскиот до францускиот предлог требаше да биде само наведено дека е официјален јазик, кодифициран во 1945 година ние успеавме да ги имаме сите елементи од нашиот Устав, од резолуцијата во Собранието по однос на континуитетот и од заклучоците на Собранието дека нема да прифатиме да потпишеме никаков документ со ЕУ кој што не содржи чист македонски јазик. Најважните три работи ги обезбедивме да бидат дел од унилатералната изјава иако е над тоа што беше првично предложено. Таа не е историска изјава“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира