БУГАРИЈА ЌЕ АНАЛИЗИРА ДАЛИ НЕПРЕБРОЈАНИТЕ 7,2 ОТСТО НА ПОПИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ БУГАРИ

    БУГАРИЈА ЌЕ АНАЛИЗИРА ДАЛИ НЕПРЕБРОЈАНИТЕ 7,2 ОТСТО НА ПОПИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ БУГАРИ7,2 отсто, или 132.260 граѓани, се попишани од административни извори и тие не влегуваат во процентите на националности. (архивска фотографија)

    Република Бугарија е изненадена од објавените податоци од пописот во Македонија, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи, откако Државниот завод за статистика соопшти дека во Македонија живеат 3.504 Бугари.

    Бугарското МНР се чуди како може да има толкава голема разлика меѓу оваа бројка и бројката од над 100 илјади македонски граѓани кои лично поднеле документи со доказ за бугарско потекло за да добијат бугарско државјанство. Од бугарското МНР велат дека објект на сериозна анализа е фактот што 7,2 отсто не се попишани од административни извори и за нив нема етничка и религиозна припадност.

    „Објект на сериозна анализа е и фактот што 7,2 отсто од граѓаните на соседната земја не се преброени активно. Според изнесената информација, податоците за нив биле собрани од соодветна информациска база, без да е возможно да им се определи етничка и религиозна припадност. Недостасува информација и за бројот на граѓаните на Северна Македонија со бугарско самосознание, преброени во дијаспората“, велат од бугарското МНР.

    Во Македонија живеат 58,44 отсто Македонци, 24,3 отсто Албанци, 3,86 отсто Турци, 2,53 отсто Роми, 1,3 отсто Срби, 0,87 отсто Бошњаци и 0,47 отсто Власи, според резултатите од пописот од 2021 година, денеска соопштени од директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симевски. Како што кажа Симевски, 7,2 отсто, или 132.260 граѓани, се попишани од административни извори и тие не влегуваат во процентите на националности.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира