БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПЕТКОВ НА 18 ЈАНУАРИ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ ПО ПОВОД 30-ГОДИШНИНАТА ОД БУГАРСКОТО ПРИЗНАВАЊЕ НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА

    БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПЕТКОВ НА 18 ЈАНУАРИ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ ПО ПОВОД 30-ГОДИШНИНАТА ОД БУГАРСКОТО ПРИЗНАВАЊЕ НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈАПетков ќе биде придружуван од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за транспорт Николај Субев. (Фото: Фејсбук)

    Бугарскиот премиер Кирил Петков ќе го посети Скопје на 18 јануари, а повод за посетата е 30-годишнината од бугарското признавање на независната македонската држава, соопшти бугарската влада. Петков ќе биде придружуван од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за транспорт Николај Субев. 

    Од бугарската влада велат дека посетата ќе одбележи нов почеток во развојот на односите меѓу двете земји и ќе ги нагласи следните чекори кои што двете земји ќе ги преземат за решавање на отворените прашања.

    „Треба да го промениме разбирањето за тоа што всушност значи Република Северна Македонија да преговара со ЕУ и во иднина да биде дел од неа. Да зборуваме за користа која што ние и Република Северна Македонија ќе ја имаме од тој процес“, вели премиерот Петков за посетата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира