ЧАСОВИТЕ ПО ФИЗИЧКО ОД ПРВО ДО ПЕТТО ЌЕ ГИ ДРЖАТ ОДДЕЛЕНСКИТЕ НАСТАВНИЦИ ЗАЕДНО СО ПРОФЕСОР ПО ФИЗИЧКО

    ЧАСОВИТЕ ПО ФИЗИЧКО ОД ПРВО ДО ПЕТТО ЌЕ ГИ ДРЖАТ ОДДЕЛЕНСКИТЕ НАСТАВНИЦИ ЗАЕДНО СО ПРОФЕСОР ПО ФИЗИЧКОПридобивките од вежбањето на физичко уште од рана возраст се огромни и што е најважно придонесуваат за психомоторичкиот развој, велат неколку професори по физичко образование (Фото: СДК.МК)

    Часовите по физичко образование од прво до петто одделeние покрај одделенски наставник од 1 септември ќе ги води и професор по физичко образование. Ова е одлука во новиот Закон за основно образование, кој беше изгласан вчера во Собранието, а влегува во сила од новата учебна година.

    „За изведување на наставата по физичко и здравствено образование од прво до петто одделение се вклучува и наставник по физичко и здравствено образование“, стои во член 54, став 4.

    Професорите по физичко образование и спортските работници со голема радост ja поздравуваат оваа одлука, која, како што велат, е за доброто и здравјето на децата. Учениците од прво до петтто имаат по два часа неделно физичко, а од шесто до деветто по три часа неделно.

    „Конкретно, Словенија уште пред десет години воведе професор по физичко уште од прво одделение, да ги води часовите заедно со одделенскиот наставник. Статистиката направена десет години подоцна покажа значителни намалување на дебелината кај децата, намалување на искривеноста на ‘рбетниот столб.
    Придобивките од вежбањето на физичко уште од рана возраст се огромни и што е најважно придонесуваат за психомоторичкиот развој. Знаете, има случаи кога во средно образование доаѓаат ученици кои немаат координација на часовите по физичко, а камо ли да вршат поголеми спортски активности. Тоа само докажува дека досега тие часови не се работеле како што треба“, ни рекоа неколку професори по физичко образование.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира