ЧЕТВРТА НЕСРЕЌА ПРИ СЛЕТУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА НА ВОЗДУХОПЛОВСТВО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЧЕТВРТА НЕСРЕЌА ПРИ СЛЕТУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА НА ВОЗДУХОПЛОВСТВО

    Паѓањето на приватниот авион „пајпер сенека II“  вчера попладне околу 17.40 е четврта несреќа при слетување во Скопје во авијациската историја на Македонија.

    • На 22 септември 1975 година мало авионче од типот „антонов 2Р“ на рускиот оператор ЗУА при слетување на Скопскиот аеродром се судрил со Антонов, исто така на ЗУА. Нема податоци за загинати во официјалните бази на податоци на специјализираните веб страници за авиосообраќај.
    • На 24 jули 1992 карго авион „антонов“ на „Волга Дњепар Ерлајнс“ се урна на 26 километри југоисточно од Скопје, за време на приоѓање кон аеродромот. Авионот удри во планина близу селото Лисец, кога екипажот се обидувал да избегне невреме со грмотевици па кружел околу аеродромот. Во оваа несреќа животот го загубија осум лица.
    • На 12 јануари 2008 хеликоптер на АРМ се урна кај месноста катлановско Блаце, во фазата пред слетување на аеродромот. Притоа загинаа 11 мировници на АРМ кои се враќаа од мисијата „Алтеа“ во БиХ.

    Најтрагичните авионски несреќи се случија во 1993 година.

    • На 5 март 1993 година авион на „Палер Македонија“ од типот „фокер 100“, се урна веднаш по полетувањето од Скопскиот аеродром на редовна линија за Цирих во услови на снежни врнежи. Загинаа 83 лица од 97 патници и членови на екипажот.
    • На 20 ноември 1993 година при слетување на Охридскиот аеродром се урна авион на „Авиоимпекс“. Сите 116 патници и членови на екипажот на најмениот руски авион „Јак 42“ загинаа. Авионот леташе од Женева за Скопје, но поради магла на Скопскиот аеродром беше пренасочен кон Охрид каде што поради пилотска грешка се урна во фазата на слетување.

    Поради тоа што за само 16 месеци во Македонија се случија три големи авионски несреќи (карго авионот на „Волга Дњепар“, „фокер 100“ на „Палер Македонија“ и „Јак 42“ на „Авиоимпекс“, Антони Пешев, тогашниот министер за градежништво, урбанистичко планирање, комуникации и животна средина, чиј ресор беше и авио сообраќајот даде оставка. Тоа е единствениот министер во историјата на независна Македонија кој си дал оставка од морални причини.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира