ЧУВСТВОТО НА НЕЕДНАКВОСТ И НЕПРАВИЧНОСТ ГИ ПРАВИ МАКЕДОНЦИТЕ НАЈНЕСРЕЌНИ НА БАЛКАНОТ

    ЧУВСТВОТО НА НЕЕДНАКВОСТ И НЕПРАВИЧНОСТ ГИ ПРАВИ МАКЕДОНЦИТЕ НАЈНЕСРЕЌНИ НА БАЛКАНОТКај луѓето е изгубена довербата во институциите. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Клучните причини зошто Македонците се најнесреќните на Балканот, според последното истражување на ОН го потцртува чувството на нееднаквост и неправичност, смета антропологот проф. Горан Јанев, за емисијата „25 минути“ на ТВ 24.

    Тој ги апострофира најважните индикатори:

    „Општествената сплотеност во Македонија е избришана, шансите не се еднакви за сите, правото и правдата не важат еднакво за сите, економските можности исто така не се еднакви за сите. Се монополизираат државните, човечките и институционалните ресурси од партиите веќе со децении, што доведе до крајно корумпиран систем во самата суштина, во сржта, и кај луѓето е изгубена довербата во институциите. Сето ова го покажуваат бројките на луѓе кои веќе ја напуштиле земјата или се спремни да си одат“, вели Јанев за емисијата „25 минути“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира