ДА ГИ ПРИБЛИЖИМЕ НАШИТЕ ГРАЃАНИ ДО ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ, КАЖА МАРИЧИЌ ПО ПОТПИШУВАЊЕ НА МЕМОРАНДУМ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ СО СРБИЈА

    ДА ГИ ПРИБЛИЖИМЕ НАШИТЕ ГРАЃАНИ ДО ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ, КАЖА МАРИЧИЌ ПО ПОТПИШУВАЊЕ НА МЕМОРАНДУМ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ СО СРБИЈАМаричиќ вели дека српската и македонската влада имаат иста задача и мисија, а тоа е приближување на граѓаните до вредностите на ЕУ. (Фото: Влада)

    Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска потпиша Меморандум за соработка во областа на европската интеграција со српската министерка за евроинтеграции Тања Мишчевиќ.

    По потпишувањето, тој кажа дека српската и македонската влада имаат иста задача и мисија, а тоа е приближување на граѓаните до вредностите на ЕУ.

    „Да ги приближиме нашите граѓани повеќе до вредностите на ЕУ во наредните години, но и придобивките што ќе ги имаат од тој процесот на пристапување да ги направиме уште повидливи. Со Србија не сме само соседи и географски блиски земји. Со Србија имаме заедничко минато, блиски традиционални врски меѓу двата народа и што е најважно имаме заедничка иднина и ист интерес: Да ги развиваме двете држави по европски терк и да обезбедиме подобар живот за нашите граѓани“, рече Маричиќ, додавајќи дека напредокот на двете земји е очигледен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира