ДА ПРОВЕРИШ ДАЛИ БРАНКО ИМА КУЌА НА КОРЧУЛА, ТОА ЌЕ НАПРАВИ ПРЕСВРТ ВО КАМПАЊАТА, Ѝ ВЕЛИ ПРОТОЃЕР НА ЈАНКУЛОСКА ВО БОМБИТЕ

    ДА ПРОВЕРИШ ДАЛИ БРАНКО ИМА КУЌА НА КОРЧУЛА, ТОА ЌЕ НАПРАВИ ПРЕСВРТ ВО КАМПАЊАТА, Ѝ ВЕЛИ ПРОТОЃЕР НА ЈАНКУЛОСКА ВО БОМБИТЕОбвинетите во „Титаник“ Мартин Протуѓер и Гордана Јанкулоска утринава пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: К. Попов)

    За време на изборната кампања во 2011 година, Мартин Протоѓер ѝ наложува на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска да провери дали жена му на тогашниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски има куќа на хрватскиот остров Корчула.

    „Ова е многу важно, ќе направи пресврт во кампањата. Провери преку матичен број дали е на име на жена му. Ме чекаат ’Дневник‘ да им ја дадам приказната“, ѝ вели Протоѓер на Јанкулоска.

    Таа потоа му кажува дека се јавила во Србија, по што ѝ било потврдено дека таму живее семејство со исто презиме.

    Во друг разговор, Протоѓер ѝ вели на Јанкуловска да се јави во Антикорупциската комисија за да отворат постапка за непријавен имот на Црвенковски.

    „Се јавив, пораката е пренесена. Ама ОК, ќе се јавам да објават дека отворен е предмет“ му одговара Јанкуловска.

    Прислушуваниот разговор беше денеска објавен на судењето за предметот на СЈО „Титаник“ за изборни нерегуларности, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и бившото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира