ДА СЕ ПОНИШТИ АМНЕСТИЈАТА ЗА ХАШКИТЕ СЛУЧАИ, ПРЕПОРАЧУВА КОМЕСАРКАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА

    ДА СЕ ПОНИШТИ АМНЕСТИЈАТА ЗА ХАШКИТЕ СЛУЧАИ, ПРЕПОРАЧУВА КОМЕСАРКАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПАПратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ во 2012 година со гласање за автентично толкување на Законот за амнестија од 2002 година одлучија да престане кривичното гонење на одговорните за четирите Хашки случаи. - Жртва од случајот „Мавровски работници“ (архивска фотографија)

    Во писмо до македонската влада, Комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ бара да се поништи амнестијата за Хашките случаи и да се истражат досиејата кои што беа трансферирани од Хашкиот трибунал на домашните судови.

    Станува збор за четирите хашки случаи „Водство на ОНА“, „Липковска брана“, „Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ во 2012 година со гласање за автентично толкување на Законот за амнестија од 2002 година одлучија да престане кривичното гонење на одговорните за четирите случаи.

    „Да се отповика автентичното толкување од 2012 година на Законот за амнестија од 2002 година и да се истражат досиејата кои што беа трансферирани од Хашкиот трибунал на домашните судови“, се вели во препораките на Мијатовиќ во писмото до македонската влада од 15 јануари, објавено вчера од Советот на Европа.

    Таа додава дека без цврсто осудување на злосторствата од минатото не може да се гради мирно демократско општество.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира