ДАЈНЕРС КЛУБ МАКЕДОНИЈА СЕ ТРАНСФОРМИРАШЕ ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО, ПРВО МЕЃУ ФИНАНСИСКИТЕ ДРУШТВА ВО ЗЕМЈАТА

    ДАЈНЕРС КЛУБ МАКЕДОНИЈА СЕ ТРАНСФОРМИРАШЕ ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО, ПРВО МЕЃУ ФИНАНСИСКИТЕ ДРУШТВА ВО ЗЕМЈАТАДајнерс Клуб Македонија денес брои преку 15.000 активни корисници. (Фото: Дајнерс Клуб Македонија)

    Дајнерс Клуб Македонија се трансформираше во акционерско друштво без промени во сопствеништвото и со тоа станува прво и единствено финансиско друштво во земјата со ваква организациска структура, соопштија од компанијата. Оттаму велат дека трансформацијата која се случи на почетокот на минатиот месец, ќе обезбеди зацврстување и унапредување на пазарната позиција на компанијата, но и ќе ја зголеми нејзината транспарентност преку воведување попрофесионален организациски систем составен од управен и надзорен одбор и акционерско собрание.

    „Горди сме што по повеќе од две децении успешна работа, го направивме овој навистина голем чекор за развојот на компанијата. Преобразбата на Дајнерс Клуб Македонија во акционерско друштво пред сѐ ќе обезбеди зголемување на транспарентноста во однос на известувањето и исполнувањето на законските критериуми, што ќе резултира со зголемена стабилност на компанијата. Воедно, со ова ќе се отвори и можност за котирање на берза во иднина и дополнително финансирање преку емитување на нови акции, што ќе ги поддржи нашите заложби за континуирана експанзија“, велат од Дајнерс Клуб Македонија.

    Александар Тодоровски, Јанко Мешковски, Соња Јаневска и Весна Терзиевска членуваат во Управниот одбор, додека претседател е и сопственикот на компанијата, Божидар Јанковски. Претседател на надзорниот одбор е Ана Блажиниќ, генерален менаџер на компанијата Инграм Микро Хрватска, додека членови се Горан Марковски, главен извршен директор на КБ Публикум Инвест АД Скопје, Ферик Велија, извршен директор на ВЕВЕ Груп и Георги Милев, директор на ИТ компанијата НетБит.

    Дајнерс Клуб Македонијаа во декември 2020 година стана директен сопственик на франшизата на Дајнерс Клуб Интернешнл и се стекна со ексклузивно право за издавање на Дајнерс Клуб картички во Република Северна Македонија. Компанијата денес брои преку 15.000 активни корисници.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира