ДАЛИ ЌЕ БЕВТЕ ЗАДОВОЛНИ АКО МАКЕДОНИЈА НЕ БЕШЕ УСПЕШНА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА, ИМ СЕ ОБРАТИ ДИМИТРОВ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ

    ДАЛИ ЌЕ БЕВТЕ ЗАДОВОЛНИ АКО МАКЕДОНИЈА НЕ БЕШЕ УСПЕШНА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА, ИМ СЕ ОБРАТИ ДИМИТРОВ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕМинистерот за надворешни работи вели дека За 100 дена, меѓународниот рејтинг на Македонија е драстично подобрен. - Никола Димитров (архивска фотографија)

    Министерот за надворешни работи Никола Димитров кажа дека е подобро пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да бидат незадоволни од неговата работа, ако цената на нивното задоволство е Македонија да биде неуспешна во надворешната политика. Димитров денеска зборуваше во Собраниете по барањето на ВМРО-ДПМНЕ за негова интерпелација.

    „За 100 дена, меѓународниот рејтинг на Македонија е драстично подобрен. И вие се среќавате со меѓународни претставници, веројатно тоа сте го чуле, небаре се работи за друга земја. Ме доведувате во ситуација да се бранам поради успесите на Македонија во моето портфолио, надворешната политика, поради тоа што ги поправам односите што вие сте ги расипале. Јас сакам вие да бидете задоволни, но ако цената за вашето задоволство е Македонија да биде неуспешна, да нема пријатели и да нема перспектива, тогаш подобро е да не сте незадоволни“, изјави Димитров од собраниската говорница.

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, образложувајќи ја интерпелацијата, кажа дека Димитров како министер за надворешни работи потпишал штетен договор со Република Бугарија и без ниту еден законски основ го отстранил Александар Николовски, кој, како што кажа тој, ги поминал сите процедури да биде амбасадор на Република Македонија во ЕУ.

    Седницата сѐ уште е во тек.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира