ДАНИЕЛА ДИМОВСКА ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СКОПСКИОТ КРИВИЧЕН СУД

    ДАНИЕЛА ДИМОВСКА ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СКОПСКИОТ КРИВИЧЕН СУДДимовска беше вршител на должноста на оваа позиција од 3 јули лани. (Фото: СДК.МК)

    Судскиот совет ја избра судијката Даниела Димовска за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје. Таа беше вршител на должноста на оваа позиција од 3 јули лани.

    Оваа одлука доаѓа по спроведената постапка по јавен оглас, на кој покрај Димовска, како кандидат се пријави и судијата Ивица Стефановски.

    Според Комисијата за избор, двајцата кандидати ги поминале сите предвидени фази на проверка, вклучително интервјуата и тестирањата, при што нивните кандидатури биле уредни.

    Членовите на Судскиот совет кои ја поддржаа Димовска рекоа дека го вреднуваат нејзиниот акциски план, визионерскиот пристап во раководењето, како и заложбата за зголемување на независноста и транспарентноста на судот.

    Дополнително, како аргумент за нејзиниот избор беа земени и резултатите што ги постигнала во изминатата година, додека ја извршуваше функцијата вршител на должност претседател на овој суд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира