ДАНОКОТ ОД ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ КОЈ ДОБИ НАД 500 ИЛЈАДИ ЕВРА НА СПОРТСКА ЈА ПОКРИ ДУПКАТА ВО БУЏЕТОТ ОД ЗАТАЕНИОТ ДАНОК НА ИВОНА

    ДАНОКОТ ОД ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ КОЈ ДОБИ НАД 500 ИЛЈАДИ ЕВРА НА СПОРТСКА ЈА ПОКРИ ДУПКАТА ВО БУЏЕТОТ ОД ЗАТАЕНИОТ ДАНОК НА ИВОНАСо уплатата од Лесноски, државата речиси си ја покри дупката во буџетот од 3,7 милиони денари од затаениот данок на Ивона Талевска. - Прилепчанецот Ване Лесноски; Ивона Талевска

    Прилепчанецот Ване Лесноски, кој со влог од 910 денари освои околу 550.000 евра за погодени резултати на спортски натпревари, во буџетот на Република Македонија уплати околу 3,5 милиони денари за персонален данок на приход, соопшти обложувалницата „Моцарт“.

    „Кладилниците Моцарт вчера ја исплатија најголемата премија во Европа како со-однос во висина на уплатено ливче и остварена добивка! Државата Македонија наплати во својот буџет околу 3,5 милиони денари на име на персонален данок на приход од оваа премија“, се вели во соопштението.

    Со уплатата од Лесноски, државата речиси си ја покри дупката во буџетот од 3,7 милиони денари од затаениот данок на Ивона Талевска.

    Новинарката Талевска во понеделникот се изјасни за виновна по обвинителниот акт на СЈО за затајување данок и доби условна казна од 2 години затвор, доколку во рок од 4 години не го повтори делото. Судијката Софија Лаличиќ на Талевска ѝ даде рок од една година да го плати данокот кој што со години не го плаќала.

    Фирмите на Талевска „Смарт груп“ и „Смарт Центар“ во периодот од 2008 до 2014 година одбегнале да платат даночни обврски во вкупен износ од 2.184.677,00 денари, пари кои што требало да влезат како приход во Буџетот на државата. Талевска пак во истиот период не плаќала ни персонален данок на доход во вкупен износ од 1.671.611,00 денари.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари