ДАНСКАТА АМБАСАДОРКА МУ ПОДАРИ ВЕЛОСИПЕД НА НИКОЛА ПОПОСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДАНСКАТА АМБАСАДОРКА МУ ПОДАРИ ВЕЛОСИПЕД НА НИКОЛА ПОПОСКИ

    Данската амбасадорка Лиселот Плеснер акредитирана во Македонија, а со седиште во Виена на пратеникот и министер за надворешни работи Никола Попоски му подари велосипед.

    Делегацијата предводена од амбасадорката Плеснел, во придружба на Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на УО на “Алкалоид“, кој е и почесен конзул на Данска, со велосипеди дојде на средбата со министерот Попоски во Министерството за надворешни работи.

    Таа на Никола Попоски, му подари велосипед, промовирајќи го велосипедизмот како опција за здрав живот, додека министерот Попоски ја запозна со историјатот на развојот на велосипедизмот во Република Македонија.

    Ова не е прв пат странски дипломат да подарува велосипед на македонски функционер. И поранешната холандска амбасадорка Симоне Филипини во 2008 година му подари велосипед на премиерот Никола Груевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира