ДЕМОНСТРАНТИТЕ ФРЛИЈА ДЕТЕРГЕНТ ВО ФОНТАНАТА ЗА ДА СЕ ИСПЕРЕ КРИМИНАЛОТ

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ ФРЛИЈА ДЕТЕРГЕНТ ВО ФОНТАНАТА ЗА ДА СЕ ИСПЕРЕ КРИМИНАЛОТ

    Демонстрантите во Скопје се упатија на протест пред Министерството за култура затоа што преку него се потрошија најмногу пари за проектот „Скопје 2014“. Движејќи се од Собранието кон Дебар Маало, каде што е зградата на Министерството, демонстрантите фрлија детергент во фонтаната на Александар Македонски за, како што рекоа „да го исперат криминалот“. Но, бидејќи немаше пена, рекоа „Џабе, овој криминал не се пере“. Пред тоа повторно фрлаа со боја по фасадата на Порта Македонија.

    Пред тоа пред Собранието демонстрантите што протестираат против одлуката на Иванов за аболиција на политичари и против изборите закажани за 5 јуни рекоа дека не ја прифаќаат идејата на Европската унија за обновени преговори меѓу лидерите на политичките партии јавуваат репортерите на СДК.МК. Тие велат дека Зоран Заев не смее да оди на преговорите во Виена и ако реши да оди да не смета на нивната поддршка. Бараат, ако веќе има нови преговори и тие да бидат вклучени во нив.

    Полицајците добија аплауз затоа што, како што рекоа секој ден ги носат до Скопје од јужната граница да го чуваат режимот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира