ДЕМОНСТРАНТИТЕ ТРГНАА КОН СЕДИШТЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ ТРГНАА КОН СЕДИШТЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ

    Демонстрантите кои попладнево ја гаѓаа со јајца Канцеларијата за односи со граѓаните на Претседателот на државата во центарот на Скопје, се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, но полицијата не им дозволува да се приближат кон плоштадот ВМРО, јавуваат репортерите на СДК.МК

    По слободна проценка има околу 2.000 до 3.000 демонстранти, но нивниот број се зголемува. Меѓу нив го нема лидерот на СДСМ Зоран Заев кој попладнево повика на масовни протести откако Иванов објави дека ќе ги амнестира сите политичари осомничени за криминал кој произлегува од прислушуваните разговори.

    Демонстрантите се собраа преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари