ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВО БИТОЛА ЗАПАЛИЈА СВЕЌИ ПРЕД БРАНИТЕЛИТЕ ЗАГИНАТИ ВО ВЕЈЦЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВО БИТОЛА ЗАПАЛИЈА СВЕЌИ ПРЕД БРАНИТЕЛИТЕ ЗАГИНАТИ ВО ВЕЈЦЕ

    Демонстрантите во Битола  вечерва положија цвеќе и запалија свеќи пред споменикот Ангел посветен на бранителите кои загинаа во конфликтот во 2001 година. Со ова се одбележаа 15 години од смртта на четворицата битолски бранители кои загинаа во масакрот кај Вејце: Марјан Божиновски, Бошко Најдовски, Илче Стојановски и Кире Костадиновски.

    На оградата пред полицискиот кордон кај  Општината залепија плакати со имињата на загинатите бранители и порака „Вејце никогаш повеќе да не се повтори“.

    На чело на колоната вечерва беа членови на Сојузот на борци. Се пушташе „Интернационалата и се вееја црвени знамиња.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира