Денеска се затвора јавниот повик за субвенции за вградување на уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возила, соопшти Министерството за економија.
Јавниот повик траеше месец дена и граѓаните кои ќе вградат ваков вид на уреди во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плинскиот уред, но не повеќе од 18.000 денари, односно 300 евра.
Од министерството велат дека досега се пристигнати 670 барања, а во буџетот на министерството за реализација на оваа мерка се предвидени вкупно 11.000.000 денари за околу 610 апликанти.
За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година наваму, граѓаните треба да извршат купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, по денот на објавување на јавниот повик (7 јуни), во некоја од фирмите кои вршат продажба и вградување на таквите уреди.
Јавниот повик беше предвидено да трае 60 дена од денот на објавување.