ДЕНЕСКА СУДЕЊЕ НА САВЕСКИ И КУНОВСКИ ОД ЛЕВИЦА, НАЈАВЕН ПРОТЕСТ ПРЕД СУДОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕНЕСКА СУДЕЊЕ НА САВЕСКИ И КУНОВСКИ ОД ЛЕВИЦА, НАЈАВЕН ПРОТЕСТ ПРЕД СУДОТ

    Протестна прес конференција најави денеска организаторот на Шарената револуција пред Основниот суд Скопје 1, каде што во 10.30 треба да почне судењето на Здравко Савески и Владимир Куновски од партијата Левица.

    „Бараме слобода за демонстрантите. Бараме слобода за оние кои се борат за правда, додека криминалците се шетаат и извршуваат јавни функции“, стои во најавата за протестната прес конференција објавена на официјалниот фејсбук профил на #ШаренаРеволуција.

    Кривичниот суд во петокот им го продолжи куќниот притвор за нови 30 дена на членовите на Левица Здравко Савески и Владимир Куновски кои се обвинети за учество на демонстрациите против аболицијата на Иванов, на 13 и 14 април кога беше демолирана канцеларијата на претседателот на Република Македонија во центарот на Скопје.

    Тие повеќе од еден месец, под обвинение дека учествувале во толпа што ќе изврши кривично дело, се наоѓаат во куќен притвор и го чекаат почетокот на судењето.

    Судењето беше одложувано три пати поради некомплетна документација – недоставено вештачење за висината на штетата предизвикана од демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари