ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА УКРАИНА ОДБЕЛЕЖАН И ВО СКОПЈЕ

    ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА УКРАИНА ОДБЕЛЕЖАН И ВО СКОПЈЕВеќе втора година Денот на независноста се одбележува во услови на тешка војна по руската инвазија на 22 февруари 2022 година. (Фото: Ѓ. Личовски)

    24 август, Денот на независноста на Украина, денеска беше одбележан и во Скопје со марш низ центарот на градот во организација на Амбасадата на Украина и Здружението на Украинците „Лесја Украинка“.

    Веќе втора година Денот на независноста се одбележува во услови на тешка војна по руската инвазија на 22 февруари 2022 година.

    Во Киев, на главната улица се одржува парада со уништени руски тенкови и друга воена опрема, а обраќање имаше претседателот Володимир Зеленски.

    „Денеска ја прославуваме 32-годишнина од нашата независност. Ова е вредност за сите нас. И за ова се бориме. И секој е важен во оваа борба, бидејќи ова е борба за нешто што им е важно на сите. Независна Украина“, кажа Зеленски.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира