ДЕСЕТИНА ОТКАЖАНИ ИЛИ ПРЕНАСОЧЕНИ ЛЕТОВИ ПОРАДИ МАГЛА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ИЗМИНАТИВЕ ДВА ДЕНА

    ДЕСЕТИНА ОТКАЖАНИ ИЛИ ПРЕНАСОЧЕНИ ЛЕТОВИ ПОРАДИ МАГЛА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ИЗМИНАТИВЕ ДВА ДЕНАСпоред временските прогнози, и денеска се очекува магла во скопската котлина, а разведрување и потопло време се очекува од утре. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Поради густата магла во Скопје изминатите два дена беа откажани или пренасочени десетина летови од Меѓународниот аеродром Скопје, а дел слетуваат со поголемо доцнење.

    Вчера, првин беше откажан летот од Малме кој требаше да слета веднаш по полноќ, за потоа да слета попладнето со тричасовно доцнење, според податоците за пристигнувања на Скопскиот аеродром.

    Вечерта пак беа пренасочени во Приштина пет лета, три од Германија и по еден од Италија и Швајцарија, а откажани беа летовите од Истанбул и Базел.

    Вечерта на 31 декември, исто така, најмалку три лета беа пренасочени во Приштина, па следното утро авионите долетаа оттаму во Скопје за да земат патници.

    Утринава, првиот лет од Истанбул слета со два часа задоцнување, а вториот лет од турскиот град исто така треба да слета со два часа задоцнување.

    Според временските прогнози, и денеска се очекува магла во скопската котлина, а разведрување и потопло време се очекува од утре.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира